четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ТАГА И НЕВЕРУВАЊЕ ВО ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ: Почина најпознатиот и најмоќен менаџер!

ТАГА И НЕВЕРУВАЊЕ ВО ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ: Почина најпознатиот и најмоќен менаџер!

Трагични вести доаѓаат од Италија, од каде информираат дека фудбалскиот агент Мино Рајола починал.

Еден од најдобрите агенти во светскиот фудбал замина во вечоста на 54-годишна возраст.

Причината за смртта на Рајола засега не е позната. Но, јавноста е познато дека во месец јануари здравствената состојба на агентот не е добра и дека тој бил хоспитализиран во Милано.

Наводно Рајола имал здравствени проблеми со белите дробови.

Мино Рајола важеше за гигант во светскиот фудбал. Беше претставник на големи фудбалски имиња како што се Ерлинг Халанд, Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ, Матијас Де Лихт…

Рајола беше роден во 1967 година во Салерно, Италија, говореше седум јазици, а со менаџерството почна да се занимава пред 30-тина години.

Направи бомбастични трансфери и на многу фудбалери им ја отвори вратата на светскиот фудбал.

OБНОВЕНО 14:55

АДВОКАТОТ НА РАЈОЛА ДЕМАНТИРА: Фудбалскиот агент не е починат, силно се бори за живот!

ОБНОВЕНО  15:13

По веста за неговата смрт се огласи и Рајола: За четири месеци два пати ме умревте!