Тажна вест стигна од Манчестер. Почина сопругата на легендарниот тренер Сер Алекс Фергусон (81), Кети Фергусон. Англискиот клуб ја потврди информацијата на својата официјална веб-страница и испрати порака со сочувство до сите. Таа почина на 84-годишна возраст.
-Испраќаме искрено сочувство до г-дин Фергусон и неговото семејство по смртта на Лејди Кети. Таа беше сакана сопруга, мајка, сестра, баба, прабаба и столб на силата на Сер Алекс во текот на неговата кариера, Манчестер Јунајтед се вели во соопштението.
Двајцата се венчаа во 1966 година и имаат три деца, Дарен, Марк и Џејсон. Трофејниот стручњак се пензионираше во 2013 година за да помине повеќе време со неа, а во една прилика откри дека тоа можело да се случи многу порано, во 2002 година.
-Размислував за тоа, потоа дојде и ми рече да продолжам. Под еден си здрав, под два, не можам повеќе да те трпам дома и под три, ти си млад за да се пензионираш, потоа со насмевка ја раскажа Фергусон таа сцена.
Инаку, Сер Алекс беше убеден дека ќе умре во 2018 година кога имаше мозочен удар.