Холандскиот репрезентативец Георгино Вајналдум можеше да се пресели во Барселона во текот на летото, но одлучи да замине во Париз и да се приклучи на тимот полн со ѕвезди.
Неколку месеци подоцна признава дека изгледа не направил добар избор бидејќи од толку фудбалери, не може сите да играат.
„Не можам да кажам дека сум целосно среќен. Ситуацијата не е таква каква што мислев и посакував. Но, тоа е фудбалот, морам да научам да живеам со тоа, треба да останам позитивен и да работам вредно за да ја свртам ситуацијата“, изјави Вајналдум.
Холанѓанецот пет години беше еден од најважните играчи на Ливерпул, со овој тим триумфираше во Лигата на шампионите и англиското првенство, но од последните шест меча на ПСЖ, настапи на само два.