Екипата на Работнички утре од 15 часот ќе го има третиот тест на зимските подготовки во Анталија. Противник на „романтичарите“ ќе биде српскиот првак Црвена ѕвезда кој оваа сезона играше и во групите од Лигата на шампионите.
– Чест е да се одигра пријателски меѓународен натпревар против Црвена Звезда. Тоа е единствениот европски првак од балканските простори, тим кој оваа сезона беше дел од Лигата на шампионите. Ќе биде тоа вистински европски тест за нашите можности. Се уште сме во подготвителна фаза, но ваквите мечеви се добредојдени за воигрување на нашиот тим кој претрпе значителни промени, изјави за клупскиот сајт, шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.
Работнички на подготовкиет во Аланија го победи Сабуртало (2:1) и загуби од Поханг Стилерс (0:2).