петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тасманија Берлин: Шалке да не го чепка нашиот рекорд

Тасманија Берлин: Шалке да не го чепка нашиот рекорд

Седумкратниот германски фудбалски првак Шалке 04 викендов со евентуален пораз или нерешено ќе го израмни неславниот рекорд во Бундеслигата од 31 натпревари без победа.

Рекордот од сезоната 1965/66 е во „суверено владеење“ на актуелниот петтолигаш Тасманија Берлин, чиј претседател Алмир Нумиќ му порача денеска на бундеслигашот од Гелзенкирхен да изнајде начин конечно да победи в сабота, на мечот на домашен терен против Хофенхајм.,

-Овој рекорд е наша култна работа. Ако останеме без него веќе никој нема да ја споменува Тасманија. Никогаш на овој рекорд не гледавме негативно. Подобро е да нè споменуваат, отколку да не нè споменуваат, изјави првиот човек на петтолигашот од Берлин, потврдувајќи ја тезата дека секој публицитет е добра реклама.

Шалке, кој во моментов е последнопласиран во Бундеслигата, е во серија од 20 порази и десет нерешени натпревари, откако последен пат победи во јануари 2020 година, против Борусија Менхенгладбaх со 2:0.

Пред неодамнешното гостување на Шалке кај Херта, навивачите на Тасманија поставија транспарент пред Олимпискиот стадион во Берлин, на кој испишаа порака до играчите на Шалке: „Не го чепкајте нашиот рекорд“.