среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тата Мартино ќе го тренира Меси во Интер Мајами

Тата Мартино ќе го тренира Меси во Интер Мајами

Откако амбициозниот Интер Мајами го ангажираше Лионел Меси, беше јасно дека на клупата треба да седне и докажан стратег. Изборот падна на сонародникот на Меси, популарниот Тата Мартино, кој со Лео соработуваше во Барселона и во репрезентацијата на Аргентина.

„Добредојде Тата. Клубот го назначи Херардо Мартино за тренер. Стратегот освојувач на МЛС купот и на наградата Тренер на годината во МЛС, со искуство во репрезентациите на Аргентина и Мексико, Барселона, и други, веќе е во клубот чекајќи ја документацијата за вработување“, објави клубот.

60-годишниот Мартино е поранешен играч и легенда на Њуелс’ Олд Бојс, клубот каде Меси ја почна кариерата. Има богата тренерска кариера водејќи ги Либертад, Серо Портењо, Њуелс’ Олд Бојс, Барселона, Атланта Јунајтед. Репрезентацијата на Парагвај ја водеше на Мундијалот 2010, како и на Копа Америка 2011 каде загуби во финалето. Со Аргентина губеше финалиња на две изданија на Копа Америка, во 2015 и 2016, а потоа со Мексико го освои Голд купот во 2019 и го загуби финалето на истиот во 2021. Мексико го водеше на Мундијалот во Катар.