петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Таткото на Фаџоли открива како Роналдо му дал поддршка на неговиот син кога тој имал проблем со срцето

Таткото на Фаџоли открива како Роналдо му дал поддршка на неговиот син кога тој имал проблем со срцето

Николо Фаџоли е тема во Италија откако му донесе победа на Јувентус против Лече постигнувајќи прекрасен гол.

Таткото на Николо, Марко Фаџоли даде интервју за „Газета дело Спорт“, кажувајќи колку голем фан на Јувентус е неговиот 21-годишен син.

„Јас станав фан на Јувентус благодарение на мојот татко. Израснав гледајќи го Мишел Платини. Истото се случи и со Николо кој ги гледаше натпреварите на Јувентус со мене“, вели Марко.

„Алесандро Дел Пјеро беше неговиот прв идол, потоа беше Пауло Дибала и Николо имаше среќа да го запознае и да игра со него. Тие имаа одличен однос, мислам дека Пауло му го честиташе голот против Лече“.

„Јас бев трогнат кога го видов голот и се надевам дека тоа е само почеток, но голот е веќе сон за фан на Јувентус како мене. Му реков на Николо да ужива во наредните неколку часа, тој го заслужи тоа“.

„Го гледав голот најмалку 30 пати и секогаш по некоја солза ми потекуваше по лицето. Како и да е, таквиот гол не ме изненади. Тој постигнуваше слични голови кога играше за младинците. Тој има постигнати и голови од центар, не само еднаш. Се надевам дека таков гол ќе му даде и на Интер, ова го велам повеќе како фан него како негов татко“.

Пред неколку години на Фаџоли му бил дијагностициран проблем со срцето, а тогаш добил поддршка од Кристијано Роналдо кој во тоа време беше фудбалер на Јувентус.

„Роналдо беше фантастичен со Николо. Кога сите ние бевме исплашени со проблемот со неговото срце, Кристијано го бодреше велејќи му дека и тој имал сличен проблем кога бил дете и дека се ќе биде решено“.