четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Таткото на Меси: Не верувам дека Лео ќе се врати во Барса

Таткото на Меси: Не верувам дека Лео ќе се врати во Барса

Карим Бензема веќе ја комплетираше преселбата во Саудиска Арабија, а добро познато е дека следен на листата со желби на богатите газди од оваа земја е Лео Меси.

Аргентинскиот генијалец е слободен играч по истекот на договорот со ПСЖ, но добро познато е дека Барселона прави се што може за да го убеди да се врати назад на „Камп Ноу“. Каталонците во текот на вчерашниот ден конечно добија одобрување за планираниот буџет од Ла Лига, но понудата што ја подготвуваат во секој случај е далеку пониска од онаа од Саудиска Арабија.

Таткото на Лео, Жорге Меси, го мина вчерашниот ден во Барселона, а во текот на вечерта даде загрижувачка изјава на оваа тема.

„Сите знаат дека желба на Лео е да се врати назад, тно да бидам искрен, не верувам дека тоа ќе се случи, дека Меси пак ќе го облече дресот на Барселона. Постојат премногу проблеми, премногу работи би требале да се поклопат“, истакна Жорге Меси.

Од друга страна, во Саудиска Арабија инсистираат што поскоро да потпишат договор со Аргентинецот, па се очекува клучни да бидат наредните 48 часа, доколку Лапрота не успее да го убеди Меси на компромис и потпис за далеку пониска сума ќе следи и дефинитивна преселба во Ал Хилал.