среда, 27. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ТАЖНА ВЕСТ: Млад голман загина на терен по судир со напаѓач (ВИДЕО)

ТАЖНА ВЕСТ: Млад голман загина на терен по судир со напаѓач (ВИДЕО)

Тажна вест доаѓа од фудбалските терени во Индонезија каде по судир со противнички играч, почина голманот на локалниот член на Лига 3 – Торнадо.

Станува збор за младиот 20-годишен Тауфик Рамсјах кој доби удар во главата додека истрчуваше и ја собираше топката. Тој веднаш се онесвестил и во саботата бил пренесен во болница.

Итно бил опериран, но тамошните медиуми јавија дека починал вчера.

– Тажна вест! Почина Тауфик Рамсјах! Тој го сакаше овој спорт уште од детството и на крајот почина практикувајќи ја професијата што толку многу ја сака. Но, тој ни ја остави својата страст и порака за иднината.

Во продолжение погледнете го видеото од трагичниот судир: