сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тажната судбина на несудениот наследник на Руни: На кокаин трошел неверојатна сума на пари, се обидел да се убие, а има само 22 години

Тажната судбина на несудениот наследник на Руни: На кокаин трошел неверојатна сума на пари, се обидел да се убие, а има само 22 години

Џорџ Грин отворено зборуваше за проблемите со депресијата, алкохолот и зависноста од како, работи кои му го уништиле животот и фудбалската кариера. Животот на фудбалер на прв поглед се чини сјаен. Работата им е детски сон, а обилните количини на материјални средства им го прават животот убав и лесен.

Сепак и таа професија, како и секоја друга, има своја мрачна страна. Тоа се проблемите со депресијата, дрогата и коцката, за кои премалку се зборува.

Приказната за Џорџ Грин започнала во 2011 година, кога Евертон се согласи да плати големи 2 милиони евра за услугите на 15 годишно момче, член на Бредфорд Сити. Грин од трансферот доби 50.000 евра и иднина која ветува во синиот дел од Ливерпул.

Четири години подоцна овој талентиран играч од средниот ред беше на шините близу својот роден град, чекајќи го возот кој ќе му го заврши животот. Неговите надежи за играње во Премиер лигата ги уништија кокаинот и алкохолот.

-Бев во толкав долг, мислев дека девојката ќе ме остави поради мојата зависност, не видев начин за враќање на фудбалот. Напишав и проштална порака, ги опиша Грин своите најтемни денови.

За среќа, младиот фудбалер успеал да се одврати од самоубиствените тенденции, па денеска повторно игра фудбал. Неговиот шестолигаш Честер вчера во дуел од второто коло од квалификациите од ФА Купот успеа да слави 4:0 против Сити оф Ливерпул. Грин не настапи на овој меч.

Иако најлошото е веќе зад него, Грин отворено зборува за својот денешен проблем со лишите ментални болести и зависноста.

-Менталните проблеми и зависноста се секојдневна борба, се држам најдобро што можам. Ако на другите им биде од корист, радо ќе помогнам, вели Грин, објаснувајќи ја малку подлабоко својата приказна.

-Пред да наполнам 18 години не можевте да ме пронајдете надвор. Кога станав полнолетен, ми се отвори нов свет. Пиев, се дрогирам и играв фудбал. Прв пат пробав дрога кога одев во бар да гледам фудбал со пријателите, земав кокаин и тоа ми го промени животот, признава играчот во кого на Гудисон Парк го гледаа новиот Вејн Руни.

-На кокаин трошев повеќе до 2.200 евра месечно. Се сеќавам еден понеделник кога требаше да дојдам на тренинг, но не се разбудив до попладне. На излегувања трошев неверојатно суми пари, често пиев и возев. Би нарачал шише шампањ, а потоа покрај мене би седнала некоја девојка, па и неа би и нарачал едно. Мислев дека парите ќе доаѓаат сами од себе, дека тоа никогаш нема да престане. Еден ден се јавив клубот и се признав.

По серија позајмици во нисколигашки клубови, клубот од Ливерпул одлучи да се реши од него. Тоа го погодило многу младиот играч од средниот ред, па решил да си го одземе животот.

Иако со обидот за самоубиство го допрел дното, Грин повторно се вратил на правиот пат. Моментално не консумира ниту дрога веќе пет месеци, а очекува и дете.

Како што вели тој, својот спас му го должи на фудбалот.

-Фудбалот е единствено во што сум добар, без него би бил мртов. Ако мојата приказна помогне на едно лице, ќе бидам среќен што сум ја споделил, заклучува фудбалерот.