четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тен Хаг им се закани на играчите на Манчестер јунајтед со префрлање во резервниот тим

Тен Хаг им се закани на играчите на Манчестер јунајтед со префрлање во резервниот тим

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, имал емотивен разговор со првотимците во соблекувалната по поразот со 0:7 од Ливерпул во 26. коло од Премиер лигата, пренесува „Мирор“.

Според британскиот медиум, Тен Хаг рекол дека играчите имале среќа да се вратат во Манчестер со тимскиот автобус, а не заедно со навивачите кои потрошиле пари и виделе таков „безрбетен“ настап на нивните миленици.

Воедно, тренерот ги предупредил и играчите дека доколку се повтори таков настап, нема да имаат друга шанса и ќе бидат префрлени во резервниот тим на англискиот клуб.

Манчестер јунајтед се наоѓа на третото место во Премиер лигата со 49 бодови од 25 натпревари. (МИА)