сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тен Хаг: Ја покажавме страста и желбата што им недостасуваше во неделата против Брентфорд

Тен Хаг: Ја покажавме страста и желбата што им недостасуваше во неделата против Брентфорд

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хaг ја коментираше победата над Брентфорд (1:0) во натпреварот од 25. коло на шампионатот на Англија.

– Тоа беше многу добар настап. Игравме брилијантен фудбал во првото полувреме и не е лесно против многу добар тим како Брентфорд. Не го постигнавме вториот гол, иако животот ќе беше полесен со него, но сега треба да продолжиме да се бориме до крај. Страста и желбата што недостасуваше во неделата ги покажавме денеска. Заборавивме на нашите стандарди, но мора да се вратиме на нив ако сакаме да успееме во последната фаза од сезоната, го цитира „Би-би-си“, Тен Хаг.

Манчестер јунајтед е четврти во Премиер лигата со 53 бода.