Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека „црвените ѓаволи“ треба да најдат вистинска замена за напаѓачот Кристијано Роналдо.
– Да, свесни сме дека загубивме напаѓач. Затоа, мислам дека треба да најдеме напаѓач, но тој мора да биде вистинскиот. Мора да е играч кој носи квалитет во тимот, а не само просечен, бидејќи тоа само создава проблеми. Знаете дека критериумите овде во Манчестер јунајтед се високи, изјави Тен Хаг за „Sky Sports“.
Во ноември Роналдо го раскина договорот со Манчестер јунајтед и моментално има статус на слободен играч.
Зимскиот преоден рок во Премиер лигата се отвора на 1 јануари, а се затвора на 31 јануари.