петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тен Хаг: Половина час се боревме за опстанок, мора да се промени

Тен Хаг: Половина час се боревме за опстанок, мора да се промени

„Црвените ѓаволи“ не блескаа на „Сент Мери“, но славеа над Саутемптон со минимални 1-0. Стрелец на погодокот беше Бруно Фернандез, по одлична тимска акција.

„Ова мора да биде стандард за Манчестер Јунајтед. Мора да биде нормално, но свесни сме дека мора да се бориме за секоја победа. Финишот на Бруно Фернандеш беше одличен, како и целата акција. Имавме уште убави моменти, а она што треба да го подобриме е поседот. Мора да признаам дека не сум задоволен од последниот половина час. Тоа беше борба за опстанок и мислам дека тука можеме и мораме подобро“, изјави менаџерот Ерик Тен Хаг.

Во следното коло Манчестер Јунајтед повторно игра на гости, овојпат во Лестер.