недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тен Хаг за ситуацијата во Јунајтед: Јас ги знам моите играчи

Тен Хаг за ситуацијата во Јунајтед: Јас ги знам моите играчи

Манчестер Јунајтед влезе во лоша резултатска серија и тоа донесе критики како за менаџерот Ерик Тен Хаг така и за играчите.

Меѓутоа дел од медиумите излегоа и со вести, информација дека има одредени недоразбирања во екипата меѓу фудбалерите, тренерот, голема тензија која носи дополнителна негативна енергија.

Ама според Тен Хаг тоа не е вистина и тие се насочени само кон подорување на учинокот, враќање на победнички патеки.

-Не знам дали овие вести се излезени (од клубот), но го знам мислењето, ги знам моите играчи. Секој може да дава предлози, се е во ред со тоа. Во Јунајтед мора да победувате на секој натпревар, па тоа ништо не менува, -истакна стратегот кој не е изненаден што оваа втора сезона е потешка од првата.

-Не. Ова ми е втора година. Знам дека отите секогаш нагоре, ќе имате празнини и станувате посилни се додека останете обединети. Тоа е она што го правиме. Во соблекувалната, персоналот, целиот персонал, тренерите, лекарите, сите се обединети, а во Јунајтед се борите, -порача предводникот на англискиот великан пред средбата со Барнли во Премиер лигата.