сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тен Хаг знае зошто Манчестер јунајтед има лош почеток на сезоната во Премиер лигата

Тен Хаг знае зошто Манчестер јунајтед има лош почеток на сезоната во Премиер лигата

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег, пред натпреварот од 3. коло на шампионатот на Англија со Ливерпул раскажа зошто тимот неуспешно ја започна сезоната 2022/23.

– Имавме добра претсезона, но потоа Марсијал се повреди, Роналдо не беше подготвен. На првиот натпревар имавме двајца централни дефанзивци на стартот кои не играа заедно и голман кој го немаше најдобриот период во кариерата. Затоа, има причини, но ќе ги исправиме. Резултатите ќе бидат подобри, изјави Тен Хаг за „Мирор“.

Манчестер јунајтед вечер од 21 часот ќе игра со Ливерпул.

По првите две кола во Премиер лигата, тимот од „Олд Трафорд“ нема освоено бод и е со гол-разлика 1:6.