вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тен Хег за повредата на Рашфорд: Повторно поради календарот – не можете да одиграте три натпревари за шест дена

Тен Хег за повредата на Рашфорд: Повторно поради календарот – не можете да одиграте три натпревари за шест дена

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег се пожали на густиот натпреварувачки календар. Тој смета дека многуте натпревари во кус период се причина за повредата на Маркус Рашфорд.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед се повреди на денешниот натпревар со Евертон во второто полувреме и куцаше додека го напушташе теренот.

– Ова е повторно поврзано со календарот – не може да играте три натпревари во шест дена. Мораме да ги заштитиме нашите играчи, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед.

Рашфорд е најдобар играч на Јунајтед оваа сезона и најзаслужен за неколку победи на „Црвените ѓаволи“. (МИА)