среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тепачка во Барселона: Меси и Гризман си “размениле” боксови

Тепачка во Барселона: Меси и Гризман си “размениле” боксови

Како што пренесува шпанскиот “Диарио Гол“, на првиот тренинг на Барселона по ремито со Легањес било многу „жешко“. Дошло до тепачка меѓу Лео Меси и Антоан Гризман, фрчеле и боксови. А се започнало со вербалниот дуел, односно лутењето на Французинот до Меси кој не сакал да му аистира на саботиот дуел, и директно го обвинил дека тој е виновен за тоа дека Барса останала без трите бода. Ова на Меси не му се допаднало, па му вратил на Гризман а потоа следувал хаос на тренингот и тоа пред очите на Кике Сетијен.

Се чини дека после ова Гризман и дефинитивно сам си го потпишал отказот од Барса, се знае кој е главен на “Камп Ноу“ и дека не смее никој, па ни тренерот нешто да му пререче на Аргентинецот