вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тер Штеген поради здравствен проблем не отпатува на подготовки со Германија

Тер Штеген поради здравствен проблем не отпатува на подготовки со Германија

Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген не отпатува со своите соиграчи на мини-подготовките за Светското првенство.

Германија се собра во Франкфурт, а денес отпатува во Оман каде што ќе се подготви за настапот на Мундијалот.

Чуварот на мрежата има проблеми со инфекција на дигестивниот тракт и засега остана во Франкфурт, каде што ќе добие лекарска помош.

Тер Штеген се очекува да мине неколку дена во Германија и доколку сè е во најдобар ред, ќе отпатува во репрезентативниот камп.

Ханси Флик во моментов не размислува на замена за Тер Штеген.