сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Тери пред промоција на клупата на саудиски Ал Шабаб

Тери пред промоција на клупата на саудиски Ал Шабаб

Поранешниот капитен на Челзи и на англиската фудбалска репрезентација Џон Тери е на чекор да ја преземе тренерската должност во саудискиот клуб Ал Шабаб, јавија денеска британските медиуми.

Според лондонскиот весник „Сан“, Тери постигнал устен договор со клубот, кој по воведните пет кола во саудиското првенство е на претпоследното, 17., место на табелата.

Тери (42) има едногодишен договор и работи како консултант во академијата на Челзи, но медиумите посочуваат дека лондонскиот премиерлигаш нема да му прави проблем во знак на почит кон неговите заслуги за клубот, чиј дрес го носеше речиси две децении.

Во својата тренерска кариера Тери досега беше помошник во Астон Вила на Дин Смит.