Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Сосиедад од Сан Себастијан на подолг рок ќе биде без услугите на својот капитен и шпански репрезентативец Микел Ојарзабал (24), поради напукнување на предните вкрстени лигаменти на левото колено за време на клупскиот тренинг.
Ојарзабал го чека пауза од шест до девет месеци, што значи дека поради оваа повреда би можел да го пропушти и Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.
Сезонава Ојарзабал постигна 15 голови во 33 настапи во сите натпреварувања.