Дефанзивецот на Њукасл, Киран Трипие ќе мора да паузира одреден период од терените, поради повреда.
Трипие има скршеница на стопалото кој ја заработи за време на натпреварот со Астон Вила и победата од 1-0.
Трипие е еден од клучните играчи за бегство на Њукасл од дното. На последните четири меча постигна два гола по доаѓањето од Атлетико, и донесе важни бодови за екипата.