четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тежок старт во Бундеслигата за шампионот Баерн

Тежок старт во Бундеслигата за шампионот Баерн

Шампионот Баерн Минхен ќе го пречека учесникот во Лигата на шампионите, Хофенхајм во првата средба од новата сезона во Бундеслигата.

По традиција, освојувачите на „салатиерата“ ќе дадат старт на сезоната со дуел в петок – во случајот на 24 август.

Ждрепката определи да има уште едно дерби во првиот круг – Борусија Дортмунд против РБ Лајпциг.

Една недела подоцна во вториот круг Баерн ќе му гостува на Штутгарт, кој во последното коло на минатата сезона ги победи Баварците среде Минхен. Првиот судир на шампионите со Борусија Дортмунд, пак, е во 11-то коло, викендот на 10 ноември.

Последните натпревари за полусезоната ќе се играат два дена пред Божик.

Вториот дел од првенството ќе стартува на 18 јануари 2019 година и ќе заврши на 18 мај.

Прво коло на Бундеслигата за сезоната 2018/2019:

Баерн – Хофенхајм
Борусија Дортмунд – РБ Лајпциг
Борусија Менхенгладбах – Баер Леверкузен
Херта Берлин – Нирнберг
Вердер Бремен – Хановер 96
Фрајбург – Ајнтрахт Франкфурт
Мајнц 05 – Штутгарт
Волфсбург – Шалке 04
Фортуна Дизелдорф – Аугсбург.

МИА