Фудбалерите на Тиквеш се искачија на второто место на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево во Кавадарци ја совладаа Македонија ЃП со високи 4-0 (2-0) во воведниот натпревар од 10. коло.
Триумфот на домашниот тим им го донесоа двојноте стрелци Иван Ивановски (44 минута, 50, пенал) и Анаел Нгоба (45+1, 80).
Тиквеш сега е второпласиран на табелата со 16 бодови од десет натпревари, додека Македонија ЃП е осмопласирана со девет бодови од девет натпревари.
Редовното 10. прволигашко коло ќе биде комплетирано утре со дуелите меѓу Академија Пандев – Шкупи, Скопје – Работнички, Шкендија – Брегалница и Силекс – Победа.
Слободен во ова коло е лидерот Струга. (МИА)