среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тинејџер оди во затвор: Напишал расни навреди за англискиот репрезентативец

Тинејџер оди во затвор: Напишал расни навреди за англискиот репрезентативец

Британски тинејџер е осуден денеска на затворска казна во траење од шест недели за навреди на расна основа на англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд на Твитер по ланското финале на ЕУРО2020.

Џастин Ли Пирс (19) од Ворчестер го негираше кривичното дело при полицискиот распит по приведувањето, но подоцна призна на судското рочиште дека објавил навредлива порака на расна основа преку социјалните мрежи.

-Прајс целел кон фудбалерот врз основа на бојата на неговата кожа и неговата постапка очигледно била расистичка и злосторстсво од омраза, соопшти британското Државно обвинителство.

Рашфорд и неговите репрезентативни соиграчи Џејдон Санчо и Букајо Сака беа цел на напади преку социјалните мрежи, откако промашија пенали во финалето на ЕУРО2020 против Италија во Лондон. (МИА)