вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ТОА Е ФУДБАЛОТ: Долги години играше со татко му, а сега дојде време Буфон да менува дрес со синот на француската легенда (ВИДЕО)

ТОА Е ФУДБАЛОТ: Долги години играше со татко му, а сега дојде време Буфон да менува дрес со синот на француската легенда (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ после резултатски пресврт успеаја да слават на гостувањето кај Генгамп со 3:1, но мечот остана во сенка на случувањата по крајот на мечот.

Легендарниот голман, Џанлуиџи Буфон кој ова лето го засили шампионот на Франција, после натпреварот го размени дресот со 21 годишниот Маркус Турам.

Тука не би било ништо чудно доколку овој фудбалер не е син на славниот француски репрезентативец, Лилијан Турам, кој голем дел од кариерата помина заедно во соблекувална со Џиџи Буфон, прво во дресот на Парма, а потоа и во Јувентус.