Првата голема тренерска задача на Грем Потер може да заврши неславно откако по катастрофалните резултати газдата на Челси, Тод Боели размислува и за втора тренерска смена во една сезона.
Евентуален неуспех против градскиот ривал Фулам во мечот кој ќе биде одигран во четврток најверојатно ќе значи и крај на неколку месечната авантура на младиот англиски стратег на „Стемфорд Бриџ“, а во тој случај погледот ќе биде насочен единствено кон Маурисио Покетино.
Аргентинскиот стратег е без ангажман од јули кога беше отпуштен од клупата на ПСЖ, а ангажман во Челси би значело и враќање во Лондон каде претходно го преводеше Тотенхем од 2014 до 2019 година.