Астон Вила е во потрага по нов менаџер откако синоќа го отпушти Стивен Џерард веднаш по поразот од 3-0 против Фулам во рамки на Премиерлигата.
Челниците на клубот од Бирмингам се во потрага по нов менаџер, а еден од кандидатите беше Томас Тухел. Сепак, дел од англиските медиуми тврдат дека Германецот не е заинтересиран да седне на клупата на „Вила Парк“ без разлика на финансиските услови кои ќе му бидат понудени и трансфер-буџетот во јануарискиот преоден рок.
Тухел сака да се одмори по отказот од Челси во септември и веројатно ќе чека понуда од некој од гигантите во текот на сезоната или можеби на лето.