среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Томас Тухел во ЛШ е избран за тренер на сезоната!

Томас Тухел во ЛШ е избран за тренер на сезоната!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го круниса Томас Тухел за најдобар тренер во Европа за минатата сезона, откако германскиот стратег приреди сензација во европската елита и тоа за само неколку месеци откако го наследи Френк Лампард.

По лошите игри и резултати, раководството на „сините“ донесе одлука да му врачи отказ на англиската легенда и за негова замена го назначи поранешниот предводник на Борусија Дортмунд и ПСЖ.

Тухел во целост го препороди лондонскиот гигант, а круна на неговата фантастична работа на „Стемфорд Бриџ“ беше трофејот во Лигата на шампионите, обезбеден преку победа во финалето на англискиот ривал Манчестер Сити.

На вечерашната церемонија во Истанбул за најдобар голман е прогласен Менди од Челзи, најдобар дефанзивец е Рубен Дијас од Манчестер Сити, средниот ред му припадна на неуморниот Канте, додека местото во нападот беше резервирано за Халанд од Борусија Дортмунд.