Поранешниот македонски репрезентативен голман, Томе Пачовски е нaзначен за тренер на голманите на белгискиот состав Бершот.Пачовски три години беше дел од овој клуб (2009-2012) за да по завршувањето на играчката кариера се врати во истиот во 2020 година и работеше во младинската школа на истиот.
Сега доби поголема, позначајна улога и ќе се грижи за голманите на првата екипа на Бершот.
– – Јас сум многу горд што можам да го направам овој чекор од академијата до првиот тим. Јас живеам во Артселар неколку години, моите два сина исто така играат фудбал во Бершот. Ова навистина е „мој клуб“. Да можеш да започнеш овде како тренер на голмани е остварување на сонот, -истакна Томе кој да не заборавиме има ангажман и во националниот тим.