недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Торино му додели отказ на Михајловиќ

Торино му додели отказ на Михајловиќ

Синиша Михајловиќ повеќе не е тренер на Торино, откако италијанскиот фудбалски прволигаш одлучи да ја прекине соработката со него, јавуваат тамошните медиумите.

Србинот е отпуштен синоќа по поразот во Купот на Италија од Јувентус.

Торино на последните 17 натпревари забележа само три победи, биланс од кој е незадоволно раководството, а исто така на Михајловиќ му беше замерено и за лошата игра на тимот.

Михајловиќ во Торино дојде во 2016 година, додека претходно ги предводеше Милан, Болоња, Катанија, Фиорентина и Сампдорија.

Скај Спорт Италија веќе известува дека поранешниот тренер на Наполи, Интер и Вотфорд Валтер Мацари е првиот кандидат за испразнетото тренерско место во Торино.