Англискиот премиерлигаш Тотенхем преку официјалниот Твитер му упати порака на играчот од средниот ред на Евертон, Андре Гомеш, кој доби скршеница на десната нога во 79. минута од вчерашниот меѓусебен натпревар.
– Секој во клубот изразува најискрени желби за брзо закрепнување на Андре Гомеш, се вели во пораката на „Спарси“.
Во 79-та минута од средбата, напаѓачот на Тотенхем Сон Хјунг Мин, при еден старт над Гомеш предизвика 26-годишниот Португалец да се судри со друг играч на Спарс, при што доби фрактура на стапалото.
Главниот судија на средбата, Мартин Аткинсон по паузата од неколку минути му покажа на корејскиот напаѓач директен црвен картон.