недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем потпиша фудбалер вреден 55 милиони евра

Тотенхем потпиша фудбалер вреден 55 милиони евра

Фудбалскиот тим на Tотенхем го потврди трансферот вреден 55 милиони евра на Кристијан Ромеро.

Стоперот на Аталанта доаѓа на „Вајт Харт Лејн“ и потпиша договор на пет години. Минатата сезона Ромеро го носеше дресот на Аталанта како позајмен фудбалер од Јувентус.

Летово Аталанта прво го откупи за 16 милиони евра, па го продаде на Тотенхем за 55 и така си оствари одлична заработка. На негово место клубот од Бергамо го доведе турскиот дефанзивец, Мерих Демирал.

Минатата сезона Ромеро за Аталанта одигра 42 натпревари и беше еден од најдобрите дефанзивци во Италија.