Голманот на Аталанта, Пјерлуиџи Голини може да замине во Тотенхем, објавува „Ла Газета дело Спорт“.
Според изворот, лондонскиот клуб се приклучил во борбата за 25-годишниот Италијанец со Астон Вила и Милан. Тотенхем го бара наследникот на Хуго Лорис, а главниот тренер на Спарс, Жозе Мурињо беше импресиониран од настапите на Голини во Серија А и Лигата на шампионите.
Оваа сезона, Голини одигра 30 натпревари на сите турнири, на кои прими 46 гола.