Поранешниот младински португалски репрезентативец Бернардо Тенгариња почина денес на 32 години откако ја загуби битката со леукемијата.
Тенгариња е роден во Лисабон, како дете играл за Бенфика, а потоа во 2005 година и за младинците на Порто. Во првиот тим на Порто влегува во 2008 година но три сезони ги поминува на позајмици во Амадора, Ољаненсе и Санта Клара.
Играше за Виторија Сетубал, па една сезона за ЦСКА Софија, па Чавес, а во 2017 година ја прекина кариерата во Боависта откако ја почна борбата со леукемијата.
На крајот не успеа да ја победи опасната болест. Инаку Бернардо има четири настапи за репрезентацијата на Португалија до 21 година.