петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Трагедија која го одбележа животот на Субашиќ: Судбината сакаше токму тој да ја шутне кобната топка

Трагедија која го одбележа животот на Субашиќ: Судбината сакаше токму тој да ја шутне кобната топка

Јунакот на хрватската репрезентација Даниел Субашиќ секоја победа ја посветува на трагично настраданиот соиграч Хрвое Чустиќ кој почина пред 10 години.

Субашиќ после победата над Данска и пласманот во четвртфиналето ги спои рацете и погледна кон небото, бидејќи и оваа победа ја посвети на трагично настраданиот пријател и соиграч, чиј лик го носи на маица на секој натпревар откако пред 10 години почина.

-Мојот Хрвоје засекогаш ќе биде со мене, и тоа не само на маицата, туку и во срцето – рекол неодамна Даниел Субашиќ.

Пред 10 години фудбалскиот свет го потресе трагедија по повод смртта на фудбалерот на Задар, Хрвое Чустиќ кој почина од последици на фрактура на черепот и излив на крв во мозокот кога на натпревар меѓу Задар и Цибалија со глава удрил во бетонската ограда на теренот.

Судбината сакала токму Субашиќ да ја шутне топката по која Хрвоје тргнал и тоа бил денот кој на Субашиќ му го променил животот.

Даниел и Хрвоје заедно растеле и заедно почнале да тренираат фудбал.

-Тие двајцата беа како браќа. Даниел секогаш го доживувам како син. Се веселам на секој негов успех- зборувал Светко Чустиќ, татко на покојниот играч Хрвоје Чустиќ.

-Никогаш нема да го заборавам. Маицата е секогаш со мене- секогаш, потсетува хрватскиот голман.