Страшна вест ни пристигнува од Англија од вчерашниот меч од англискиот Чемпионшип помеѓу Фулам и Блекпул, која доби фатален крај.
Од Фулам објавија дека починал нивниот навивач Пол Периш, на кого вчера на трибините на „Крејвен Котиџ“ му се слоши, и лекарите 40 минути се обидуваа да го спасат, пред да биде однесен во болница.
Периш кој долги години имал сезонски билети за домашните мечеви на Фулам, претрпел срцев удар и починал во болница, неколку часа откако му беше укажана прва помош на стадионот во Лондон.
„Со неутешна тага информираме дека нашиот навивач Пол Периш почина. Изразуваме сочувство до семејството и пријателите на Пол“ – информираа од Фулам