Голема трагедија се случи во Ел Салвадор во рамките на нивниот фудбалски шампионат. На мечот од четвртфиналето на плеј офот помеѓи екипите на Алинас и ФАС се случи спампедо на трибините во кое загинаа дванаесет навивачи.
Се играше шестанесеттата минути од мечот кога истиот бепе прекинат од страна на навивачите кои влегоа во теренот. Беше јасно дека се случува нешто сериозно затоа огромен дел од нив беа преплашени и во паника.
Новинските агенции на повеќе наврати ја менуваа бројката на загинатите која стигна до дванаесет во моментов.
Првичните информации се дека оваа трагедија се случија поради пробивање на вратите на стадионот од страна на навивачите и пренатрупаност на трибината.
Caos en el estadio Cuscatlán por sobre venta de boletos en sector de sol general durante el partido Alianza vs FAS. pic.twitter.com/FW4bYkkF0b
— Escenario (@escenariosv) May 21, 2023