вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Трагедија во Хрватска: Почина 15-годишен фудбалер

Трагедија во Хрватска: Почина 15-годишен фудбалер

Голема трагедија го снајде хрватскиот фудбал. Имено, на вчерашниот натпревар од вториот ранг за кадети помеѓу НК Самобор и НК Дуго Село, ненадејно почина младиот фудбалер на НК Самобор, Мартин Филипчиќ, роден 2007 година, пренесе Гол.мк.

„Во овие тешки времиња што го зафатија целиот самоборски и хрватски спорт, упатуваме искрено сочувство до нашите пријатели од Самобор. Нашите мисли се со нив и со семејството на починатиот ангел“, објави на Фејсбук страницата Бистра.

Во 60. минута од натпреварот Филипчиќ му кажал на судијата дека не се чувствува добро, по што беше упатен кај лекарите. Се онесвестил и престанал да дише. Лекарите успеаја да го одржат во живот додека не дојде брзата помош. Но, потоа е констатирана смрт.