сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ТРАГЕДИЈА ВО РЕГИОНОТ: 26 годишен судија се онесвестил на теренот, а потоа ги затворил очите и не се разбудил – еве ги деталите

ТРАГЕДИЈА ВО РЕГИОНОТ: 26 годишен судија се онесвестил на теренот, а потоа ги затворил очите и не се разбудил – еве ги деталите

Од Хрватска доаѓаат тажни вести. На 26 годинишна возраст почина Миро Сураќ, фудбалски судија и секретар на задарскиот клуб НК Абецеда. Според информациите тој се урнал на теренот, лекарите се обиделе да го оживеат, но безуспешно.

„Со длабока болка и тага ја објавуваме веста дека нашиот секретар Миро Сураќ ненадејно не напушти, на 26-годишна возраст. Целото семејство Абецеда е обвиено во црно. Изразуваме искрено сочувство до семејството и пријателите на Миро, кој засекогаш ќе остане запишан во историјата на клубот.

Драг наш Миро, ти благодариме за се што му подари на клубот, ти благодариме за сите моменти што ги поминавме заедно. Ти благодариме за нераскинлива љубов, спортско и приватно пријателство. Почивај во мир добар човеку“, напиша неговиот клуб на Фејсбук.