Македонија е домаќин на Италија во средбата од 5.коло во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи наредната година во Германија.
Ние претрпевме два болни порази од Украина и Англија во месец, па во сабота избраниците на Милевски пред се ќе имаат задача да го поправат впечатокот, а ако им се отвори шанса зошто и да не го изненадат големиот фаворит.
-За нас секој натпревар е многу важен. Мечот со Италија е еден од потешките. Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани. Покажавме дека можеме, зошто тоа да не го направиме и на домашен терен. Треба да бидеме максимално фокусирани и со поддршка од навивачите да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Италијанците на некој начин ќе сакаат да се реваншираат за поразот од Палермо, би сакал да не потценат, но знам дека овој пат нема да биде исто, -порача напаѓачот кој се уште е во потрага по клупски ангажман.