сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Трансфер на Запакоста од Челзи во Аталанта

Трансфер на Запакоста од Челзи во Аталанта

Италијанскиот десен бек со 13 настапи во дресот на Азурите, Давиде Запакоста (29), мина од редовите на актуелниот европски првак Челзи во Аталанта за сума од 10 милиони евра.

Ова е трето враќање на Запакоста во италијанскиот прволигаш од Бергамо за кој дефанзивецот настапуваше во сезоните 2011/12. и 2014/15.

Запакоста беше член на премиерлигашот од Лондон од 2017 година и во првата сезона беше стандарден во тимот на „сините“ со 35 натпревари, но последните две сезони ги мина во Серија А, како позајмен фудбалер во Рома и Џенова.