вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Трансфери кои го одбележаа зимскиот преоден рок

Трансфери кои го одбележаа зимскиот преоден рок

Зад нас е уште еден преоден рок – овој пат зимскиот и веројатно највозбудлив досега.

Во повеќето земји рокот завршуваше на полноќ, а ова трансферите кои го одбележаа преодниот рок.

Енцо Фернандеш: Бенфика – Челзи (121 милиони евра)

Енцо Фернандез го зазема незаменливото прво место.

Најдобриот млад фудбалер на Мундијалот во Катар пристигна во Челзи во трансфер со кој урна неколку рекорди во Премиер лигата, со што и стави крај на најдолгата трансфер сага оваа зима.

Фернандез во Лондон пристигнува за над 120 милиони, а потпиша договор на осум и пол години.

Михаило Мудрик: Шахтјор – Челзи (90 милиони евра)

Мудрик е познат како еден од најталентираните играчи во светот. Тој веќе во првите минути во дресот на Челзи го покажа својот потенцијал, а треба да се напомене дека сините го украдоа буквално токму пред градскиот ривал Арсенал.

Жоао Кансело: Манчестер Сити – Баерн Минхен (позајмица со опција за откуп 70 милиони евра)

Жоао Кансело беше еден од најважните играчи на Манчестер Сити, па многумина се изненадени тоа што неговото име се појави како најголемото засилување на Баерн Минхен. Португалецот претходно жестоко се судри со Пеп Гвардиола откако дозна дека нема да игра против Арсенал во ФА Купот, работата многу брзо ескалира.

Коди Гакпо: ПСВ – Ливерпул (42 милиони евра)

Ова е и единствениот договор за „црвените“ во овој преоден рок. Гакпо пристигна на „Енфилд“ по одличните игри на Светското првенство во Катар, но и со репутација на еден од најдобрите фудбалери во холандската Ередивизија.

Жоржињо: Челзи – Арсенал (12 милиони евра)

А се виде и едно „предавство“ – Жоржињо, според многумина, еден од најзаслужните играчи за титулата на ЕП на Челзи во 2021 година, изненадувачки го засили тимот на Арсенал за 12 милиони евра.