Шпанскиот фудбалски репрезентативец Адам Траоре кариерата ќе ја продолжи во Фулам, потврди премиерлигашот од Лондон.
Напаѓачот на „Крејвен Котиџ“ се сели како слободен играч откако му истече договорот со Вулверхемптпон и ќе остане во следните две сезони.
Траоре кој потекнува од младинската школа на Барселона од 2013 до 2015 година беше дел од првиот тим по што се пресели на „Островот“. Прво заигра за Астон Вила, потоа за Мидлсбро и Вулверхемптон.