среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Траоре во Вулверхемптон за рекордни 23 милиони евра

Траоре во Вулверхемптон за рекордни 23 милиони евра

Младиот шпански фудбалер Адама Траоре го напушти Мидлзбро и потпиша за Вулверхемптон, објави на клупскиот сајт новиот премиерлигаш.

Трансферот е вреден 23 милиони евра, што е нов клубски рекорд, а договорот е потпишан со важност од пет години.

Траоре кариерата ја почна во Барселона, каде што одигра само четири натпревари, а пред Мидлзбро беше позајмен на Астон Вила.

Пред него во Вулверхемптон за новата сезона се засили со Руи Патрисио, Жоао Мутињо, Џони Кастро и Раул Хименез.

(Миа)