среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тренерот на АЕК: „Не се плашиме, ќе играме за семејството на убиениот навивач“

Тренерот на АЕК: „Не се плашиме, ќе играме за семејството на убиениот навивач“

Динамо Загреб и АЕК Атина утре ќе го одиграат својот прв натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите на „Максимир“ со почеток во 20 часот. Ова всушност требаше да биде реванш, но првиот натпревар не се одигра поради инцидентите во Атина и убиството на навивачот на АЕК, па вториот натпревар е презакажан за во сабота.

Тренерот на АЕК, Матијас Алмеида, вели дека нема од што да се плашат, ќе одат во Загреб да играат фудбал.

„Секогаш сме подготвени. Не се плашиме од нови нереди, ние одиме да играме фудбал. Во фудбалот сум 30 години. Ова треба да биде забава. Бев многу тажен кога видов што се случи минатата недела. Ќе играме за историјата на АЕК и за семејството на нашиот навивач кој го загуби животот“, рече тренерот на АЕК за грчките медиуми.