Тренерот на Челзи, Томас Тухел, е разочаран од поразот од Брентфорд (1:4) во натпреварот од 31. коло на англиската Премиер лига.
– Натпреварите по репрезентативната пауза се секогаш тешки. Но, Челзи имаше обврска да го победи Брентфорд. Не бевме доволно добри. Ни недостигаше енергија и не можевме да се справиме со работите кои обично ја прават силна нашата игра. Изгледавме уморно и физички и психички, изјави Тухел на официјалната веб-страница на лондонскиот клуб.
Натпреварот помеѓу Челзи и Брентфорд се одигра на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон.
По 31. коло во Премиер лигата, Челзи со 59 бодови е трет во поредокот. Брентфорд е на 14. позиција со 33 бода. (МИА)