Тренерот на италијанскиот фудбалски клуб Џенова, Роландо Маран може да се повлече од функцијата, пренесува „Фудбал Италија“.
Според изворот, 57-годишниот стручњак е пред заминување од клубот за кој настапува и Горан Пандев, поради лошите резултати.
Џенова синоќа загуби од Парма и остана на само еден триумф од девет натпревари во Серија А и двапати ремизираше.
Главен претендент за наследник на Маран е поранешниот тренер на СПАЛ, Леонардо Семпличи.
Џенова со пет бода во моментов е на 19. место во поредокот во Серија А. (МИА)