Со шест гола на пет меча некогашниот македонски репрезентативец Иван Тричковски е прв стрелец во кипарското фудбалско првенство, а капитен и лидер на АЕК Ларнака во битка можеби и за титула.
Тричковски вечерва со два гола придонесе за убедливата победа на АЕК над Аполон од 4-1. Аполон е прв на табелата, и вечерва го претрпе својот прв пораз сезонава. Тричко играше 71 минута, доволно за да го однесе АЕК на второ место.