Tимот на АЕК Лaрнака денеска во дуелот од 25. коло на шампионатот на Кипар, го совлада тимот на Етникос Ахна со конечни 3:1, а нашиот фудбалски репрезентативец Иван Трипковски беше еден од стрелците за домашниот тим.
Тричко го отвори резултатот во 19. минута од мечот, гостите израмнија, а АЕК потоа во вториот дел го дови мечот.
Покрај Тричковски настапија на овој меч Мојсов, односно Спировски, а на спротивната страна на голот беше Богатинов, односно Јован Костовски.
Тричковски со овој погодок е на делба на втората позиција на табелата на најдобри стрелци во шампионатот на Кипар, со десет погодоци, а дури петтмина се на делба на првото место со 12. гола.